Белата куќа со контроверзно видео: Нападите врз Иран монтирани со сцени од играта Call of Duty

Call of Duty

Белата куќа објави видео на социјалната мрежа X во кое реални снимки од американските ракетни напади во Иран се комбинирани со снимки од популарната видео игра „Call of Duty“, предизвикувајќи критики од американската јавност за неговиот несоодветен тон и споредба на тековната војна со видео игри.

Видеото, долго околу една минута, комбинира снимки од американските напади објавени од Централната команда на Соединетите Американски Држави со сцени од играта „All of Duty: Modern Warfare III“, вклучувајќи го и активирањето на „нуклеарна бомба“.

Снимките од ракетните напади, кои наводно одзедоа повеќе од 1.000 животи во Иран, се репродуцираат преку инструментална верзија на песната „Bonfire“ од музичарот Чајлдиш Гамбин, а понекогаш може да се чуе глас од видео игра како вели „ние го добиваме овој конфликт“ и „ние ја презедовме контролата“.

Многу корисници на социјалните медиуми го осудија видеото, истакнувајќи дека војната не е игра, објавува NBC News.

„Војната не е видео игра. Родителите на шесте американски војници кои веќе ги загубија своите животи можат да потврдат за тоа“, напиша членот на одборот на Project Liberal, Џошуа Рид.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран наутро во сабота, 28 февруари, во она што го нарекоа „превентивни напади“, кои се случија по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Зачлени се на нашиот е-билтен