Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белата куќа за налогот за апсење на Путин: Русија да одговора за воените злосторства против човештвото во Украина

Белата куќа излезе со коментар по повод налогот за апсење на Владимир Путин и уште едно руско официјално лице издаден денеска од Меѓународниот кривичен суд. 

-Претседателот на САД, Џо Бајден претходно јасно стави до знаење дека САД работат на тоа Русија да одговора за своите ѕверства и воените злосторства против човештвото кои се извршуваат на територијата на Украина, изјави во врска со ова Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа. 

-Имаме намера да продолжиме да ги помагаме меѓународните органи затоа што тие собираат докази и веќе започнаа со нивна анализа, рече тој. 

Извор: МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен