Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белгиската европратеничка Марија Арена осомничена за поврзаност со скандалот „Катаргјет“

 Белгиската полиција изврши претреси на шест имоти на европратеничката од Белгија, Марија Арена и членови на нејзиното семејство, поради сомнежи за нејзина вмешаност во корупцискиот скандал „Катаргејт“, кој го потресе Европскиот парламент поради обвинувањата дека европратеници и членови на нивните семејства биле „под влијание на владите на Катар, Мароко и Мавританија“. 

Против Арена засега не се покренати никакви обвиненија и не е побарано одземање на нејзиниот пратенички имунитет, но полициската истрага го поврза нејзиното име со скандалот поради кој поранешната потпретседателка на Европарламентот, грчката европратеничка Ева Каили и нејзините колеги од Белгија, Марк Тарабела и Италија, Андреа Коцолино заработија обвиненија и извесен период минаа во притвор. Главноосомничениот во скандалот, поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери, ја призна вината во замена за поблага казна. Осомничените во случајот се товарат за корупција, перење пари и организиран криминал.

Иако нејзина поврзаност со аферата „Катаргејт“ се споменуваше уште од самиот почеток на избувнување на скандалот, Арена, која е со италијанско потекло, категорично негира дека сторила какво и да е кривично дело. Таа сепак по обелоденувањето на аферата се повлече од функцијата претседател на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент, откако медиумите објавија дека во мај 2022 година имала платен престој во Катар што не го пријавила.

Според белгискиот весник „Соар“, Арена, која е европратеник од 2014 година, е поврзана со сите осомничени во скандалот, а пред се главноосомничениот Панцери, кој беше член на Европскиот парламент до 2019 година.

Арена тврди дека нејзиниот однос со Панцери бил „чисто професионален“, но неговиот адвокат изјави дека тие биле „многу блиски“.

Поранешниот европратеник Антонио Панцери се договори со обвинителите и ќе сведочи против другите обвинети во истрагата за корупција во Европскиот парламент, позната како Катаргејт, објавија м

„Соар“ наведува дека од декември 2021 година, па до средината на декември минатата година, тие телефонски контактирале 389 пати, иако во тој период Панцери веќе не беше европратеник. Допонително, еден од асистентите на Арена бил вработен во организацијата „Бори се против неказнивоста“, чиј претседател е Панцери, а друг работел и за двајцата во периодот од 2014 до 2019 година кога и двајцата беа членови на Европарламентот.

Белгискиот весник тврди и дека Арена е осомничена оти добивала подароци од Катар, потсетувајќи дека таа се споменуваше и за поврзаност со Коцолино, при неговото апсење на почетокот на годинава. 

Според информации од полициската истрага до кој дошол бриселскиот портал „Политико“, постојат сведочења на Панцери дека заедно со Арена во 2015 година престојувале во Мароко на сметка на марокански дипломат. Сепак, според тоа сведочење на Панцери, Арена не знаела кој го „спонзорира“ престојот.

И покрај ваквите сомнежи, адвокатот на Панцери тврди дека Арена немала никаква врска со целиот скандал „Катаргејт“.

Од друга страна, грчката европартеничка Каили инсинуираше дека Обвинителството ја поштедило Арена од „непријатни прашања“ по избувнувањето на скандалот, но не посочи никакви докази за своите тврдења. 

Сменетата потпретседателка на Европскиот парламент и приведена на почетокот на декември минатата година во истрагата Катаргејт, Ева Кајли работи во затвор во Брисел за 0,75 евра на час, објав

Адвокатите на осомничениот европратеник Тарабела, минатиот месец објавија дека синот на Арена имал бизис врски со синот на белгискиот судија Мишел Клез, кој раководеше со кривичната истрага за случајот, по што тој се повлече поради „наводите за судир на интереси“. Според овие тврдења, синовите на Арена и Клез заедно биле вклучени во бизнис со медицински канабис. Арена беше обвинувана и за судир на интереси во 2019 година, кога орагнизираше настан во Европарламнтот, спонзориран од компанијата за трговија со медицински канабис на нејзиниот син.

Според еден од адвокатиот на Тарабела, оваа поврзаност меѓу Арена и Клез можеби е објаснувањ4то зошто досега против неа не е покрената никаква истрага.

Истрага за случајот „Катаргејт“ ја започна Централното биро за спречување на корупцијата (ОЦРЦ/ЦБДЦ) на белгиската полиција во јули 2022 година. Во рамки на истрагата лани во декември белгиската полиција изврши претреси на 19 локации во Брисел, меѓу кои и во канцелариите на осомничените во Европскиот парламент, по што беа приведени осум лица во Белгија и Италија.

При претресот на домот на Панцери, полицијата неофицијално пронашла 600.000 евра во неговиот домашен сеф, а беа претерсени и канцелариите на неговата организација „Бори се против неказнивоста“, која промовира борба против неказнивоста за сериозни прекршувања на човековите права и за злосторства против човештвото.

Во врска со аферата во хотел во Брисел прв беше приведен таткото на Ева Каили, Александрос Каили, кој е поранешен грчки политичар. При приведувањето кај него е пронајден куфер со „неколку стотици илјади евра“. По ова беа приведени и Ева Каили и нејзиниот партнер и советник на европратеникот Коцолино, Франческо Џорџи, потоа Пјер Антонио Панцери и неговта сопруга и ќерка, Марија Колеони и Силвија Панцери, како и генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ), Лука Висентини, генералниот секретар на невладината организација „Нема мир без правда“, Николо Фига-Таламанка и неименувана асистентка на италијанската европратеничка Алесандра Морети.

Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше обвинет за „корупција“, а потоа му беше одреден притвор како дел од истрагата за наводите за мешање на Катар и Мароко во одлуките на Европск

Во тој период претрес беше извршен и во домот на потпретседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Арапскиот Полуостров, Марк Тарабела, но европратеникот тогаш не беше приведен. Во исто време, грчките власти го запленија целиот имот на Каили и на членовите на поблиското семејство во Грција. 

При сослушувањето, Џорџи призна дека примил поткуп од катарски официјални лица за да влијае на одлуките на Европскиот парламент, како и дека добивал средства од мароканската Влада, Во обид да ги оттргне сомнежите од неговата партнерка Каили, Џорџи во целиот случај ги вовлече и европратениците Коцолино и Тарабела, кои беа приведени во февруари годнава.

Висентини, пак, призна дека во два наврати од Катар примил донации за неговата кампања за избор на генерален секретар на ИТУЦ во износ од 50.000 и 60.000 евра.

На почетокот на годинава, Панцери се изјасни за виновен во однос на обвинувањата против него, во замена за затворска казна од пет години, од кои четири би биле условни, а една би ја отслужил или во затвор или во домашен притвор носејќи електронска нараквица или во комбинација од двете можности. Во рамки на договорот за признавање вина, Панцери се обврзал и да ги открие идентитетите на оние што ги поткупил, како и на оние кои соработувале со него во заговорот. 

Во врска со овој скандал полициите на Белгија, Италија и Грција запленија 1,5 милиони евра во готовина и конфискуваа поголем број компјутери и мобилни телефони. Правната постапка за целиот случај е во тек. 

Извор 9МИА0

Зачлени се на нашиот е-билтен