Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белоруската опозиционерка Тихановска осудена на 15 години затвор

Белорускиот суд ја осуди лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановска на 15 години затвор во отсуство, додека таа доби голем број пофалби и награди на Запад за нејзината борба за демократија во нејзината земја.

На Тихановска од јануари годинава и се судеше за предавство, а нејзините поддржувачи го отфрлија како фарса, пренесува Танјуг, повикувајќи се на белоруската државна новинска агенција Белта.

Пред Тихановска, минатата недела белорускиот суд го осуди на десет години затвор и добитникот на Нобеловата награда за мир Алекс Бјаљацки.

Тихановска побегна од Белорусија откако се кандидираше на претседателските избори во 2020 година, кога беше главен конкурент на Александар Лукашенко. Тогашните избори беа проследени со масовни протести, откако опозицијата го обвини Лукашенко за изборна измама, што тој го демантираше.

По руската инвазија на Украина на крајот на февруари годинава, Тихановска се спротивстави на војната и поддршката на Белорусија за рускиот претседател Владимир Путин, повикувајќи на остри санкции од Западот.

Зачлени се на нашиот е-билтен