Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белорускиот опозиционер Цепкало во отсуство осуден на 17 години затвор

Белорускиот суд денеска во отсуство го осуди на 17 години затвор опозицискиот лидер и поранешен сојузник на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, Валериј Цепкало.

Цепкало беше прогласен за виновен, меѓу другото, за формирање екстремистичка група, дискредитација на белоруската држава, повикување на преземање на власта во Белорусија, клевета и навреда на претседателот на државата.

Врз основа на пресудата, Цепкало ќе треба да плати околу 14.000 долари отштета, а му е забрането да извршува јавна функција во следните пет години.

Цепкало во јули 2020 година избега во Русија со своите двајца синови, плашејќи се дека ќе му бидат одземени.

Зачлени се на нашиот е-билтен