Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за Блумберг призна дека причините поради кои Берлин треба да ја поддржи Украина не им се јасни на многу Германци.
– Многу луѓе во САД го поставуваат прашањето: „Украина е доста далеку од нас, зошто ни е важно?“ Ова не важи само во САД, туку и кај нас во Германија. На Европа повеќе од кога било и е потребна поддршката од американските „пријатели и колеги“, рече шефицата на германската дипломатија.
Според неа, неопходно е да му се покаже на светот дека сојузниците ќе стојат покрај Украина „колку што е потребно“.
Претходно, шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус, нагласи дека