Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави денеска дека Европската одбранбена унија веќе не е прашање „дали“ туку „за колку брзо“ таа ќе биде формирана.
На конференцијата „Европа 2025“ за европскиот суверенитет, Бербок рече дека европската одбранбена индустрија сè уште има национален карактер и поради тоа е „многу неефикасна“.
„Ако и натаму користиме 150 различни системи на вооружување во Европа кои не се компатибилни едни со други, можеме да ги потрошиме сите пари во светот – нема да бидеме доволно ефикасни, поради тоа верувам дека Европската одбранбена унија не е прашање дали, туку за колку брзо ќе ја оствариме“, додаде Бербок.