Биткоинот достигна рекордна цена од над 100.000 долари

Цената на биткоинот за првпат во историјата го надмина прагот од 100.000 долари, достигнувајќи 103.225 долари по единица. Оваа пресвртница дојде неколку часа по изјавата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ќе го номинира Пол Аткинс за претседател на Комисијата за хартии од вредност (SEC). Аткинс е познат како голем поддржувач на криптовалутите, што дополнително го подгреа оптимизмот на пазарите.

Од победата на Трамп на 5 ноември, цената на биткоинот порасна за 45%, главно поради зголемените инвестиции во американските Биткоин спот ЕТФ фондови.

-Ова е значаен момент за индивидуалните инвеститори, кои ги поттикнува веста за новиот претседател на SEC, познат по помек пристап кон крипто регулативите. Сепак, не треба да се очекува постојан раст, бидејќи ќе има моменти на повлекување профит, вели Шоки Омори, стратег во Mizuho Securities:

Според Џеф Меи, косопственик на BTTSE преминот на биткоинот над 100.000 долари не е само бројка, туку сигнал за растечка доверба во криптовалутите и нивната институционализација.“

-Годинава сведочиме значителен прилив на институционални средства преку Биткоин спот ЕТФ фондовите, што го поттикна овој историски раст, вели Џеф Кендик, Standard Chartered.

Како што додава Тони Сајкмор, аналитичар во IG Sydney: Биткоинот не само што ја надмина клучната бариера од 100.000 долари, туку овој момент ќе биде катализатор за понатамошни пораст на цената.“

„Оваа пресвртница е доказ за легитимитетот на биткоинот како имот, а трендот укажува на потенцијален натамошен раст, вели Кајл Рода, аналитичар во Capital.com:

Историскиот пораст на биткоинот ги засилува очекувањата за иднина со поголема регулаторна поддршка и зголемени инвестиции во криптоиндустријата.

Зачлени се на нашиот е-билтен