Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Биткоинот ја надмина границата од 105 илјади долари, но дали може да се купи нешто?

Вредноста на биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, утрово достигна историски максимум, надминувајќи 105 илјади долари, јавува Би-би-си. Овој раст се случува наспроти неодамнешните глобални економски промени и политички настани.

Според Ројтерс, порастот на цената на биткоинот е делумно поврзан со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, при што тој во својата кампања вети дека ќе го интегрира биткоинот во стратешките резерви на државата.

Аналитичарите проценуваат дека следната психолошка граница за оваа криптовалута е 110 илјади долари, што дополнително ја зајакнува довербата на инвеститорите во криптопазарот.

На 5 декември годинава, биткоинот за првпат ја надмина границата од 100 илјади долари. Од неговото создавање во 2008 година од анонимниот развивач познат под псевдонимот Сатоши Накамото, биткоинот се разви од технолошка иновација во еден од највредните дигитални средства.

И покрај поддршката од многумина, криптовалутите сè уште не успеале да станат широко прифатени како средство за плаќање на стоки и услуги. Сепак, новите рекорди покажуваат дека биткоинот останува силен фактор во светот на финансиите и технологијата.

Засега го користат компании како Microsoft и Overstock.com прифаќаат биткоин за купување производи и дигитални услуги исто така некои ресторани и кафулиња (особено во технолошки центри) прифаќаат биткоин. Платформи како Expedia и Travala.com овозможуваат резервации на хотели и летови со биткоин и Тesla порано прифаќаше биткоин за купување автомобили, а некои продавачи на луксузни возила сè уште го користат.

Зачлени се на нашиот е-билтен