Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен: Русија спроведува лажни избори на суверена украинска територија

Руската Федерација е во процес на организирање лажни избори на териториите што ги окупираше во Украина, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во соопштение објавено на официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент.

„Овие таканаречени избори се спроведуваат речиси една година откако Кремљ одржа лажен референдум и искажа територијални претензии со анексијата на украинските региони Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск, и повеќе од девет години откако имаше територијални претензии со анексијата на украинската автономна република Крим и Севастопол. Кремљ се надева дека овие однапред одредени, фабрикувани резултати ќе ги зајакнат незаконските претензии на Русија за деловите на Украина што ги окупирала, но ова не е ништо повеќе од пропагандна вежба“, рече државниот секретар во објавеното соопштение.

„Постапките на Русија покажуваат флагрантно непочитување на принципите наведени во Повелбата на ОН, како што се почитувањето на државната независност и територијалниот интегритет, кои ја поддржуваат глобалната безбедност и стабилност. Соединетите Американски Држави никогаш нема да ги признаат претензиите на Руската Федерација кон кој било дел од независната територија на Украина и „ги потсетуваме сите кои би ги поддржале лажните избори на Русија во Украина, вклучително и како „меѓународен набљудувач“, дека може да бидат предмет на санкции и визни ограничувања“, додаде Блинкен.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново