Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во Исламабад

Самоубiствен бомбашки напад се случи денеска пред суд во главниот град на Пакистан Исламабад.

Во нападот убиени се 12 лица, а над 25 се повредени објавија официјалните власти.

Напаѓачот утрово се обидел да влезе во судската зграда, но ја активирал експлозивната направа пред зградата, во близина на полициското возило, откако чекал таму 10 до 15 минути, изјави министерот за внатрешни работи на Пакистан Мосин Накви на местото на настанот.

„Го истражуваме овој инцидент од повеќе агли. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во центарот на Исламабад – рече министерот.

Според последните информации се очекува бројот на жртви да порасне, затоа што неколку повредени од нападот се во тешка состојба.

Властите во Исламабад засега се во потрага по нарачателите и иснпираторите на нападот.

„Кој и да е вклучен, локалното население или од други земји, нема да биде поштеден.“, порача Накви.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари остро го осуди самоубиствениот напад, најавувајќи „силна реакција“.

Зачлени се на нашиот е-билтен