Брајан Џонсон, милионер кој го заработил богатство продавајќи апликации за онлајн плаќање, ги минува деновите јадејќи каши со куп витамини и минерали (повеќе од 50 на ден) додека е поврзан со уреди кои го следат неговиот пулс, мозочните бранови и ерекцијата (бидејќи тие сигнализираат за добро здравје) и со апарати за трансфузија на крв од неговиот син тинејџер, сето тоа во обид да го забави процесот на стареење, да живее подолго.
„Кога почнав, луѓето ме гледаа како овој „ексцентричен, вампирски технолошки милијардер кој ја пие крвта на својот син“, вели Џонсон за британски Гардијан. „Но, јас исто така сум професионален експерт за подмладување. Создавам нова дисциплина и нов начин за разбирање на реалноста. Смртта е секогаш неизбежна, но јас го поставувам ова прашање: дали сме првата генерација што нема да умре?“
Џонсон има 47 години и на Нетфликс има свое шоу со наслов „Не умирај: Човекот кој сака да живее засекогаш“ во кое објаснува како ги одржува најдобрите биомаркери. Има и веб-страница, rejuvenationolympics.com, каде што луѓето можат да се претплатат на комплети за тестирање кои ја мерат нивната брзина на стареење и да се натпреваруваат со другите во „заедницата“. Следејќи милитантна диета, вежбање и режим на спиење, Џонсон тврди дека ја намалил брзината на стареење на 0,64, што значи дека секоја година старее само седум и пол месеци.
Во разговорот Гардијан тој го покажал неговиот извештај со графикони кој покажува биолошка возраст од 31 година, а неговата мускулна сатурација со кислород е со елитен статус за 18-годишник. Секој ден поминува по 90 минути во комора за хипербарична терапија со кислород која доставува чист кислород под притисок на телото.
Тој се осврнува на работите што мислиме дека не прават среќни, пицата, пивото и останувањето надвор до доцна што го попречува оптималното здравје и го унапредува стареењето.
„Лично, никогаш не сум бил посреќен“, вели Џонсон кој троши 2 милиони долари годишно за повторно да има 18 години. и вели дека тоа го прави за да види што е можно, за можеби сите ние да имаме корист од тоа.
Од друга страна, лекарите и научниците генерално се согласуваат дека експериментирањето на Џонсон со повеќе третмани и терапии одеднаш не е добра наука, бидејќи не може да се каже од каде доаѓаат придобивките.