Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Брендови кои прогласија банкрот во 2024 година

До крајот на ноември 2024 година, затворени се околу 7.100 продавници за мебел, електроника и облека, што е значително повеќе во споредба со истиот период во 2023. Главната причина за ова е што секторот достигна својот врв во 2021 и 2022 година, но не се очекуваше таков раст да продолжи.

Според податоците на Евростат, бројот на банкроти во Европа е на највисокото ниво од 2018 година и продолжува да расте. Во третиот квартал на 2024 година, банкротите во Европската унија се зголемени за 2,7%, а во еврозоната за 3,7%. Најголем пораст на банкроти е забележан во Данска (+26,4%), Полска (+20,6%) и Грција (+17,6%), додека најголемо намалување се случило во Кипар (-85,7%), Унгарија (-18,5%) и Словенија (-12,5%).

  1. Тапервер

Познатиот производител на опрема за складирање храна поднесе барање за стечај во септември по долгогодишни проблеми со намалената продажба, предизвикана од конкуренцијата со ниски цени. Пандемијата донесе краткорочен пораст на продажбата, но по нејзиното завршување, проблемите се вратија. Зголемените трошоци за суровини, транспорт и плати се претвориле во неподнослив товар за 78-годишната компанија. И покрај обидите да воведе стаклени производи, ова не било доволно за спас.

  1. Нортволт

Шведскиот производител на батерии за електрични возила поднесе барање за заштита од банкрот во САД, со долг од 5,84 милијарди долари и само 30 милиони долари во готовина. Откажувањето на нарачката од BMW за батерии од 2 милијарди евра било клучен удар.

  1. The Body Shop

Познатиот синџир на козметика поднесе барање за стечај во Англија, што резултираше со затворање на продавници во повеќе европски земји. Високите трошоци за изнајмување и занемарувањето на помладите потрошувачи ја ставија компанијата во финансиски проблеми.

  1. Волокоптер

Германскиот производител на воздушни такси, поддржан од Mercedes-Benz, поднесе барање за стечај. Компанијата продолжува да бара инвеститори за да влезе на пазарот на комерцијални воздушни такси, но моменталните финансиски проблеми ја принудуваат на реструктурирање.

  1. Есприт

Модниот бренд затвори филијали во Германија, што влијаеше на 1.300 работници. Компанијата поднесе барање за несолвентност во Белгија, Швајцарија, Данска и САД, но ќе опстане во Европа благодарение на новиот инвеститор кој ги купи правата на брендот.

  1. Група ФТИ

Еден од најголемите европски тур-оператори прогласи банкрот по неуспехот да најде стратешки партнер. Овој потег погоди 11.000 вработени и многу патници чии патувања беа откажани.

  1. Scotch and Soda

Холандскиот моден ланец ги затвори филијалите во Германија и отпушти стотици работници поради финансиски проблеми и недостаток на логистичка поддршка.

  1. Red Lobster

Најголемиот ланец на рибни ресторани заврши во банкрот со долг од повеќе од милијарда долари. Компанијата успеа да излезе од банкрот во септември благодарение на новиот сопственик и реструктурирањето на работата.

  1. Spirit Airlines

Најголемата американска нискобуџетна авиокомпанија прогласи банкрот поради зголемените загуби и конкуренцијата. Компанијата се надева дека ќе излезе од банкрот на почетокот на 2025 преку реструктуирање.

10. Моцарт топчиња

Фабриката Mirabell-Werk во Гредиг, Салцбург, која 127 години беше дом на легендарните Моцарт чоколадни топчиња, засекогаш ги затвори своите врати. Последното топче од 17,1 грам, со препознатливото јадро од марципан, ф’стаци и нугат, беше произведено на 5 декември, означувајќи крај на ерата. Корпорацијата Mondelez, сопственик на правата за производството, реши да го пресели производството во Полска или Чешка. Иако деталите за оваа одлука сè уште не се јасни, одлуката предизвика револт кај работниците и локалната заедница.

Зачлени се на нашиот е-билтен