Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британка покрена петиција за Жизел Пелико да добие Нобелова награда за мир

Кетрин Мејер, британска активистка, започна петиција за Французинката Жизел Пелико, која била жртва на сексуално насилство, да биде номинирана за Нобелова награда за мир. Петицијата веќе има повеќе од 35.000 потписи на англиски и француски јазик.

Мејер изјави дека никој не ја заслужува оваа награда повеќе од Пелико, истакнувајќи дека сексуалното насилство е една од најголемите пречки за мирот. Петицијата беше покрената на 20 декември, веднаш по завршувањето на судењето на поранешниот сопруг на Пелико, кој беше осуден за извршување на серија сексуални насилства врз неа.

Жизел Пелико стана симбол на храброст кога реши да се соочи со своите насилници и да сведочи на суд, по што се откажала од анонимноста и јавно ја раскажала својата болна приказна. Поранешниот сопруг, кој ја дрогирал и силувал, ја принудил на неколку пати да помине низ трагичен искуства на сексуално насилство, пред да биде осуден на 20 години затвор.

Зачлени се на нашиот е-билтен