Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британската Влада вети дека ќе обнови десетици училишта кои се распаѓаат

Британската Влада денеска вети дека веднаш ќе одвои онолку пари колку што е потребно за обнова на десетици училишта кои се во опасност да се урнат, бидејќи се изградени од стар бетон и кои ќе треба да бидат целосно или делумно затворени во последен момент пред новата учебна година.

-Ќе ги посветиме сите потребни ресурси за да го решиме проблемот што е можно поскоро, вети канцеларот на државната каса Џереми Хант во изјава за Би-Би-Си.

Тој посочи дека Владата ќе направи се за учениците безбедно да се вратат на училиште и дека сака да ги увери родителите дека нема да ризикуваат кога станува збор за безбедноста на нивните деца.

Министерството за образование во четвртокот испрати писма до околу 100 училишта за „испуштање на простории или цели згради“ за кои се знае дека се направени од бетон, кој со децении се користи во изградбата на јавни институции во Обединетото Кралство и други европски земји од почетокот на 1950-тите години.

Владата на премиерот Риши Сунак се најде на удар на опозицијата, која бара објавување на списокот на овие училишта и која ја осуди политиката на штедење на владејачките конзервативци во последните 13 години.

Министерката за образование Џилијан Киган рече дека модифицирањето на училишната програма е последното нешто што сакале да го направат, но дека секоја друга одлука би била неоправдана, со оглед на елементите и фактите со кои располагаат.

Владата е под зголемен притисок да го реши проблемот не само со дотраените училишта, туку и со болниците и судовите. Синдикалците тврдат дека овој проблем не е нов и дека со години се знае дека јавните институции се во лоша состојба. 

Зачлени се на нашиот е-билтен