Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британскиот крал одржа говор во Бундестагот

Британскиот крал Чарлс Трети денеска предупреди за „заканата“ што ја претставува руската инвазија врз Украина за безбедноста на Европа и „демократските вредности“.

Во говорот пред германските парламентарци, тој ја подвлече значајната улога што Велика Британија и Германија ја одиграа во поддршката на Киев, особено на воениот фронт.

„Одлуката на Германија да испрати голема воена помош за Украина е храбра, важна и добредојдена“, рече тој.

Британскиот крал, првиот монарх кој зборуваше во Бундестагот, беше пречекан со долг аплауз.

Во говорот одржан главно на германски јазик, Чарлс Трети повика на единство околу Украина и климатските промени.

Британскиот крал Чарлс Трети вчера пристигна во посета на Германија, што е негова прва посета во странство откако дојде на тронот. Тој првично требаше да ја посети Франција, а потоа и Германија, но посетата на Франција беше одложена поради протестите во земјата.

Британскиот крал и кралицата сопруга Камила, кои беа пречекани со воени почести на Бранденбуршката порта, ќе престојуваат во Германија и утре.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново