Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британско разузнавање: Апсењето на национачистичкиот блогер Игор Гиркин ќе разгневи дел од руската војската

 Апсењето на рускиот воен блогер Игор Гиркин најверојатно ќе налути дел од руската војска и други воени блогери кои ја поддржуваат руската војна во Украина, покажува најновиот извештај на британските разузнавачки служби, цитиран од ДПА.

Гиркин, поранешен разузнавач и водечки националистички воен блогер, вчера беше уапсен поради екстремизам.

„Гиркин долго време го критикуваше однесувањето на руското Министерство за одбрана за време на војната. Меѓутоа, во последниве денови, неговите коментари се претворија во директна критика на рускиот претседател Владимир Путин и неговата политика за време на неговото владеење“, сметаат разузнавачите на островот.

Апсењето на Гиркин веројатно ќе предизвика гнев кај оние кои во голема мера го сметаат блогерот за остроумен воен аналитичар и патриот, се наведува во соопштението на британското Министерство за одбрана. „Тој одигра важна улога во руската војна во Донбас од 2014 година и помина со месеци на линијата на фронтот во 2022 година“, додаде Министерството.

Иако Гиркин не е сојузник на приватната воена компанија „Вагнер“, тој можеби бил подготвен да ги помести границите на јавната критика само во контекст на неуспешниот бунт на шефот на групата, Евгениј Пригожин, во јуни 2023 година. Табуто, наметнато врз отворените критики на режимот на Путин, е значително ослабено, наведува Лондон.

Ултранационалистот Гиркин, познат по неговото борбено име Игор Стрелков, беше уапсен откако повика на поостра акција против Украина под руската инвазија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен