Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британско разузнавање: Поради загубите, руската армија формира специјални единици

Во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина, британското Министерство за одбрана, кое се повикува на разузнавачки податоци, пишува дека Кремљ на 18 април годинава издаде соопштение за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на територијата на Украина под руска окупација, при што ги посетил припадниците на Групата на сили Днепар (ДФГ).

Ова е едно од првите споменувања за постоењето на ДГФ. Руските власти имаат посебен начин на употреба на терминот – сили, што укажува на голема оперативна формација организирана според конкретни задачи. Британското Министерство додава дека на почетокот на инвазијата, руските сили биле организирани во групи распоредени според матичните воени кругови во Русија – на пример, Западната и Централната група на сили.

Постоењето на очигледно новата ДГФ сугерира дека првобитната организација на силите еволуирала, веројатно поради големите жртви. Мисијата на ДГФ најверојатно ќе се состои од одбрана на јужниот сектор на окупираната зона, особено југозападниот дел во близина на реката Днепар, наведуваат британските разузнавачи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново