Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Брод потона во близина на Тунис, еден мигрант загина, десет се исчезнати

Најмалку еден мигрант загина, а 10 се водат како исчезнати откако бродот во кој тие се наоѓале потонал во близина на Тунис, додека се обидувале да стигнат до Италија преку Средоземното Море, соопшти денеска судски претставник од Тунис.

Крајбрежната стража спасила 11 лица од бродот, кој пловел покрај брегот на градот Зарзис, изјави судијата Фаузи Масмуди од Сфакс, вториот по големина град во Тунис.

Други детали се уште не се објавени.

Зачлени се на нашиот е-билтен