Бројката на погинати во земјотресот во Мкијанмар надмина 1700

Билансот од катастрофалниот земјотрес што ги погоди Мјанмар и Тајланд во петокот изнесува повеќе од 1.700 загинати, 3.400 повредени и повеќе од 300 исчезнати, додека странските спасувачки тимови и помошта пристигнуваат во сиромашната земја, каде болниците се преоптоварени, а локалните заедници се борат да започнат со ограничени ресурси за спасување.

Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд Бангкок ја продолжуваат избезумената потрага по луѓето кои се уште се водат за исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24.

Во Бангкок, според денешните официјални податоци на градските власти, загинале најмалку 18 лица, 33 се повредени, а 78 се водат за исчезнати.

Светската здравствена организација (СЗО) е на терен во двете земји, обезбедува итна помош и ги координира спасувачките операции, изјави портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ во Женева.

Зачлени се на нашиот е-билтен