Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бројот на загинати во поплавите во Бразил се искачи на 100, а 128 лица се водат како исчезнати

Бројот на загинатите во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 100, соопшти денеска државната управа за цивилна одбрана.

Спасувачките служни информираа дека 128 лица се водат како исчезнати.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во вторникот побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, поради што раселени се околу 150.000 луѓе. 

Зачлени се на нашиот е-билтен