Бројот на жртвите од уривањето на покривот на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, се искачи на 98, додека 160 лица се повредени, соопштија официјални лица. Инцидентот се случил во вторникот на концертот на пејачот Рубио Перез во ноќниот клуб Џет сет.
Се претпоставува деја пејачот е се’ уште во урнатините, објави Би-Би-Си.
Стотици луѓе беа на концертот, а околу 400 спасувачи сè уште трагаат по преживеани. Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.