Бројот на жртвите во немирите во Непал порасна на 72, велат последните податоци од властите во земјата, откако тимовите за пребарување пронашле тела во згради на државни институции, куќи и други објекти запалени за време на протестите против корупцијата.
– Сега се откриваат телата на многу луѓе кои загинале во трговски центри, куќи и други објекти кои биле запалени или нападнати, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Пракаш Будатоки.
Според најновите податоци, најмалку 2.113 лица се повредени во немирите.