Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила ја претставија својата божиќна честитка за оваа година, која беше објавена на нивниот официјален Инстаграм профил.
Фотографијата, направена во април, ги прикажува насмеаните Чарлс и Камила во градината на Бакингемската палата. Чарлс носи елегантен сив костум, бела кошула и сина вратоврска, додека Камила е во син фустан со долги ракави. Во пораката на честитката стои: „Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова Година“.
Објавата веднаш привлече внимание, собрав речиси 50.000 лајкови за само седум часа. Коментарите беа полни со пофалби за изборот на фотографијата, а описот гласеше: „Доаѓа Божиќ“.
Оваа честитка доаѓа во период на здравствени предизвици за кралската двојка. Во февруари, Бакингемската палата откри дека Чарлс бил дијагностициран со рак за време на рутинска болничка процедура поради бенигно зголемување на простатата. Детали за видот на ракот не беа објавени.
Кралицата Камила, исто така, се соочува со здравствени проблеми, боледувајќи од вирусна пневмонија, поради што откажа неколку ангажмани. Се шпекулира дека исцрпеноста од неодамнешната посета на Австралија и Самоа го влошила нејзиното здравје, што е еден од симптомите на пневмонија.