Британскиот крал Чарлс Трети помина кратко време во болница поради несакани ефекти поврзани со лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
Чарлс се лекува од рак од февруари 2024 година, но точниот тип на болеста никогаш не е откриен. Дијагнозата е поставена по процедура за зголемена простата, а деталите за самиот третман не и се познати на јавноста.

Бакингемската палата објави дека кралот се вратил во својот дом во Кларенс Хаус по краток престој во болница и дека неговите активности во петок ќе бидат одложени како мерка на претпазливост, пренесува Индекс.
Извор од палатата вели дека закрепнувањето на кралот „продолжува во многу позитивна насока“, дека тој е „во добра форма“ и дека сè уште „работи и телефонира од неговата работна соба“.
Истиот извор додава дека државната посета на Италија, планирана за следниот месец, сепак се очекува да продолжи како што беше претходно најавено и дека кралот Чарлс ќе ја оствари заедно со неговата сопруга, кралицата Камила.