Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Час на планетата Земја: Меѓународен настан што се одбележува во над 190 земји

Во над 190 држави денеска се одржува акцијата Час на планетата Земја 2023, кога од 20:30 часот по локално време на еден час ќе се изгаснат светилките, што ја прави најголема светска кампања посветена на нашата планета.

Секоја последна сабота во март со исклучување на светилките во 20:30 часот, WWF (Светски фонд за природата) ја спроведува оваа акција веќе шеснаесет години, објави Си Ен Ен.

Со исклучување на светилките во повеќе од 190 држави и територии во светот, со овој симболичен гест се испраќа порака дека се грижиме за планетата која е нашиот дом милиони години. Воедно се врти вниманието за катастрофата што ја носат климатските промени.

Часот на планетата Земја започна како настан за гаснење на светилките во Сиднеј во 2007 година, а во следните години огромен број земји ја прифатија иницијативата, меѓу кои и Северна Македонија и оттогаш прерасна во најголемото глобално движење за животната средина. Оваа година, учесниците се охрабруваат да ја надминат симболичната акција за исклучување на светилките, и да вложат повеќе напори во учење, повторно поврзување и помагање во обновувањето на нашата животна средина. Светскиот фонд за природата ги охрабрува сите повеќе да прочитаат за загубата на биолошката разновидност, минување мирно време во природа, собирање отпадоци или садење дрвја, односно да не се ограничуваме само на гаснење на светилките.

– За 16 години, Часот на планетата Земја ангажира милиони луѓе ширум светот со едноставно барање да ги исклучат светилките на 60 минути. Но, неговото значење стана многу повеќе од тоа, изјави Крис Конер, потпретседател за медиуми.

– На природата ѝ требаме. На луѓето им требаме. На нашата клима и требаме. Часот на планетата Земја е можност за сите нас да се здружиме, не само да прославиме сè што ни дава нашата планета, туку и да ја заштитиме, потенцира Конер.

Треба да знаете
Moже да ве интересира