Чешкиот претседател Петер Павел го именува милијардерот и лидер на движењето ANO, Андреј Бабиш, за нов премиер на Чешката Република. Бабиш, чија партија победи на парламентарните избори одржани на 3 и 4 октомври, ќе ја преземе власта од централно-десничарскиот кабинет веднаш по назначувањето на целокупната влада, што се очекува подоцна овој месец, пренесуваат чешките медиуми.
Во кратката изјава по именувањето, Бабиш порача дека ќе работи „во интерес на сите граѓани“ и дека неговата цел е да ја направи Чешка „најдобро место за живеење“. До конечната потврда на министрите, земјата ќе ја води заминувачката влада на Петар Фијала, бидејќи Бабиш сè уште нема формални премиерски овластувања.
Претседателот Павел ќе го одреди датумот за назначување на новите министри веднаш штом го добие официјалниот предлог на кабинетот од Бабиш.
Павел во обраќањето поименувањето потсети дека новата влада ќе се соочи со сложена безбедносна и економска ситуација, како и со тензично меѓународно опкружување. Тој предупреди дека кабинетот ќе мора да решава „неколку непријатни проблеми“ за јавноста, нагласувајќи дека за овие предизвици ќе бидат потребни „јасна визија, храброст и недвосмислено зачувување на врските на Чешката Република со Европската унија и НАТО“.

