Четворица загинаа, 11 се повредени во пукање на влезот во Ерусалим

Во пукање што се случи на влезот во Ерусалим, најмалку четворица луѓе загинаа, а 11 се повредени. Израелските безбедносни сили на лице место убија двајца напаѓачи.

Нападот се случил околу 10:13 часот, кога напаѓачите влегле во автобус заглавен во сообраќај и започнале да пукаат кон патниците, пренесува Jerusalem Post.

Повредените се пренесени во болници, при што тројца се во критична состојба, а седум се со полесни повреди, според директорот на болницата MDA.

Според прелиминарните информации од полицијата, нападот го извршиле најмалку два вооружени лица. Засега не е познато кој стои зад нападот или мотивот, но полицијата ги опишува напаѓачите како „терористи“.

Зачлени се на нашиот е-билтен