Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Црвен аларм за југот на Франција, температурата ќе достигне до 41 степен

Франција издаде црвено предупредување за јужните региони поради екстремно топлото време, а температурите се очекуваат да достигнат до 41 Целзиусов степен во долината на Рона.

Предупредувањето им дозволува на локалните власти да откажат спортски и културни настани и да ги затворат јавните простори доколку е потребно.

Департманите погодени од црвениот аларм, ги вклучуваат Рона, Дрон, Ардеш и Горна Лоара, соопшти Метео Франс.

Француската метеоролошка служба веќе шести пат издава црвено предупредување како дел од владината програма за заштита на населението при екстремни временски услови, но ова е првпат годинава.

-Подготвени сме за ваков вид метеоролошки настан. Само се подготвуваме за превенција. Нашата порака до населението е максимална претпазливост. Се очекува дека температурите денеска ќе се искачуваат меѓу 40 и 42 степена во јужните делови, изјави министерот за здравство Орелиен Русо.

August 22, 2023 10:29

in ДЕНЕССВЕТ

Треба да знаете
Moже да ве интересира