Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Црвениот крст помогна во ослободувањето на 125 воени затвореници во Судан

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) помогна во ослободувањето на 125 војници на суданската армија кои беа приведени од паравоените сили за брза поддршка, соопшти организацијата, јави ДПА.

Според МКЦК, вкупно 125 војници приведени од нивните противници од паравоените сили за брза поддршка успеале да се вратат кај своите семејства пред исламскиот празник Курбан Бајрам.

„Меѓу нив има 44 ранети“, соопшти организацијата. Групата беше однесена од Картум во Вад Мадани, јужно од главниот град.

Слично на тоа, 14 ранети беа ослободени во понеделникот со помош на МКЦК во западната држава Дарфур.

„Преку нашиот дијалог со сите страни во конфликтот, нашата улога е да гарантираме усогласеност со хуманитарните принципи и хуман третман на затворениците за време на процесот на ослободување и трансфер“, објави МКЦК на Твитер.

Организацијата се придржува до строга неутралност во вооружените конфликти со цел да се грижи за жртвите, потсетува ДПА. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира