Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Децата се најголеми жртви на руската агресија врз Украина

489 деца загинаа, а уште 1.026 беа повредени, како директна последица од руската инвазија врз Украина.

 До денес, 18 јуни 2023 година, повеќе од 1.515 деца се убиени и повредени во Украина како резултат на вооружената руска агресија. Официјалните информации од обвинителството говорат дека досега се убиени 489 деца, а повеќе од 1.026 се здобиле со повреди од различен степен на сериозност, објави Јавното обвинителство на Фејсбук.

Како што е наведено, бројките не се конечни,  бидејќи се уште траат напорите за утврдување на жртви во областите на воените дејствија, на привремено окупираните и ослободените територии.

Најмногу загинати и повредени деца има во Доњецката област – 465, регионот Харкив – 284, регионот Кијив – 129, регионот Керсон – 113, регионот Запорижја – 91, регионот на Миколаев – 89, регионот Днепропетровск – 81, регионот Чернихив – 71, регионот Луганск – 67.

На 17 јуни, на патот меѓу градот Олешки и селото Сахи, регионот Керсон, непријателот пукал во цивилен автомобил, при што загинал еден човек и неговиот 15-годишен син.  Исто така, на 17 јуни, 17-годишно момче беше повредено во руското гранатирање на селото Козатске, регионот Керсон.

Подготвил: Марта Пешевска (ЦивилМедиа)

Извор: Укринформ.

Зачлени се на нашиот е-билтен