Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Демонстранти ја запалија вратата на француската амбасада во Нигер

Поддржувачите на воената хунта која ја презеде власта во Нигер денеска одржаа протестен марш и ја запалија влезната врата од зградата на француската амбасада.

Демонстрантите шетаа по улиците на главниот град Ниамеј, веејќи руски знамиња и извикувајќи го името на рускиот претседател Владимир Путин во знак на протест против поранешната колонијална сила Франција.

Нигериската армија потоа ја растера толпата демонстранти.

Неколку дена откако бунтовничките војници го соборија демократски избраниот претседател на Нигер, расте неизвесноста околу иднината на земјата.

Сè уште не е познато дали новите водачи на хунтата ќе се свртат кон Москва или ќе се држат до западните партнери на Нигер.

Франција вчера ја прекина сета развојна и друга финансиска помош за Нигер барајќи итно враќање на уставниот поредок под претседателот Мохамед Базум.

Водачите на државниот удар во Нигер ги предупредија регионалните и западните сили против воена интервенција за враќање на соборениот претседател.

Зачлени се на нашиот е-билтен