Демонстранти во Берлин поставија џиновски Дедо Мраз во знак протест против економската политика

Група демонстранти денес се собра пред канцеларијата на германскиот канцелар во Берлин, поставувајќи огромен Дедо Мраз како симболичен протест против економската политика на владата. На фигурата стоеше голем натпис: „Нема раст, нема подароци. Мирни празници бараат економски раст“.

Протестот доаѓа во момент кога германската економија покажува сѐ поизразени знаци на забавување. Активистите порачаа дека Берлин мора итно да го промени пристапот, предупредувајќи дека во спротивно кризата ќе се продлабочи.

Економските показатели го поддржуваат нивниот став: по падот од 0,2% во вториот квартал и стагнацијата во третиот, германската индустрија се соочува со високи енергетски трошоци, ослабена глобална побарувачка и дополнителен притисок од високите американски царини. Автомобилската индустрија сѐ уште страда поради недостиг на чипови, а конкурентноста дополнително ја нарушува засиленото производство во Кина.

Владата уверува дека економијата ќе излезе од застојот преку зголемени инвестиции во инфраструктурата и одбраната, но ефектите од овие мерки се очекуваат дури во следните години. Во октомври, Берлин ја коригираше прогнозата за раст во 2025 година од 0% на 0,2%, а предвидува пораст од 1,3% во 2026 и 1,4% во 2027 година, првенствено поттикнат од јавната потрошувачка.

Зачлени се на нашиот е-билтен