Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дете и возрасен загинаа, а најмалку 60 се повредени – Напаѓачот во Германија е од Саудиска Арабија

Во трагичната несреќа на божиќниот базар во Магдебург, Германија, загинаа најмалку две лица – дете и возрасен – а 60 лица се повредени. Локалните власти предупредуваат дека бројот на жртви може да се зголеми поради сериозноста на повредите кај некои од повредените.

Германскиот премиер на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, ја потврди трагедијата и додаде дека 15 лица се во критична состојба. Според него, напаѓачот е 50-годишен маж од Саудиска Арабија, кој живее во Германија од 2006 година и работел како лекар. Тој е уапсен, а полицијата не бара други осомничени.

– Според првичните информации, се работи за индивидуален сторител. Нема дополнителна опасност за жителите на градот, изјави Хаселоф.

Иако властите инцидентот го третираат како напад, мотивите и околностите сè уште не се познати. Истражните органи продолжуваат со собирање податоци и испрашување на осомничениот. Ситуацијата е под контрола, но локалната заедница останува во шок од трагедијата која го наруши празничниот дух.

Зачлени се на нашиот е-билтен