Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Деветмина повредени во масовно пукање во Вашингтон

Во пукање во Вашингтон повредени се девет лица, меѓу кои и деветгодишно дете и 17-годишен тинејџер, додека го прославувале Денот на независноста, 4 јули.

-Сите девет лица кои беа повредени во раните утрински часови се здобија со повреди кои не се опасни по животот по пукањето во близина на улицата „Мид“ во североисточен Вашингтон, изјави помошник началникот на полицијата Лесли Парсонс, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој во видео изјава рече дека истрелите биле испукани од темен џип што се движел по улицата „Мид“.

Според него, полицијата била алармирана за пукањето нешто пред еден час по полноќ.

Иако Парсонс рече дека луѓето биле застрелани, тој не прецизираше дали сите девет повредени лица се здобиле со прострелни рани.

Некои од повредените се пренесени со брза помош во болниците, додека други сами отишле да добијат помош, рече тој, додавајќи дека полицијата трага по темен џип.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново