Џими Кимел се враќа на екранот

Џими Кимел се враќа на екранот

Џими Кимел се враќа на екранот. Неговото шоу се враќа на програмата на Еј-Би-Си утре вечер откако неговата емисија беше суспендирана по коментарите што ги даде за смртта на Чарли Кирк, соопшти Дизни, компанијата во чија сопственост е ТВ мрежара во соопштение објавено вечерва, пренесе Би-Би-Си.

„Минатата среда донесовме одлука да ја суспендираме продукцијата на емисијата за да избегнеме понатамошно разгорување на напнатата ситуација во емотивен момент за нашата земја“, се вели во соопштението.

„Тоа е одлука што ја донесовме бидејќи сметавме дека некои од коментарите беа несоодветни и затоа нечувствителни. Ги поминавме последните денови во внимателни разговори со Џими, и по тие разговори, донесовме одлука да ја вратиме емисијата во вторник.“

Зачлени се на нашиот е-билтен