Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со Доналд Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која се одржа на имотот Мар а Лаго во државата Флорида, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони доцна синоќа замина во САД за да разговара, според италијанските и американските новинари, на повеќе теми – војната во Украина, кризата на Блискиот Исток, а исто така и случајот со италијанската новинарка Чечилија Сала, која беше уапсена во Техеран на 19 декември и држена во самица во затворот „Евин“ во близина на главниот град на Иран.

Состанокот на Мелони со Трамп траеше неколку часа, а на него присуствуваше и Марко Рубио, иден државен секретар во администрацијата на милијардерот републиканец. На средбата беше и Скот Бесант, идниот министер за финансии на Трамп, како и Мајк Волц, иден советник за национална безбедност во Белата куќа и Тилман Фертита, идниот американски амбасадор во Италија.

Мелони беше придружувана од италијанската амбасадорка во САД, Марианџела Запа. Мелони пристигна во Мар а Лаго околу 1:30 часот по полноќ по италијанско време и полета назад во Италија четири часа подоцна.

Според известувачот на „Волстрит журнал“, Трамп и рекол на Мелони дека таа „навистина ја освоила Европа“ и дека е „многу возбуден што е тука со фантастична жена, премиерката на Италија“. Рубио, пак, ја нарекол Мелони „голем сојузник и силен лидер“.

Зачлени се на нашиот е-билтен