Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Директорот на Би-Би-Си поднесе оставка поради услуга на Борис Џонсон пред да биде назначен на функцијата во медиумот

Шефот на Би-Би-Си денес поднесе оставка, откако се дозна дека не пријавил потенцијален конфликт на интереси во врска со неговата улога како банкар во договарањето заем пред повеќе од две години за Борис Џонсон, кој во тоа време беше британски премиер.

Јавно финансираниот национален радиодифузер беше под политички притисок откако беше откриено дека директорот Ричард Шарп додека бил вработен во банката Голдман Сакс, му направил услуга на Џонсон помагајќи да се организира кредитната линија неколку недели пред да биде назначен на функцијата Би-Би-Си по препорака на владата.

Кредитната линија од 1 милион долари дојде од богатиот канадски бизнисмен Сем Блит, далечен братучед на Џонсон. Тоа беше олеснето од Шарп, поранешен банкар на Голдман Сакс и донатор на Конзервативната партија, кој организираше средба помеѓу Блит и главниот државен службеник во Велика Британија за да разговараат за понудата на Блит за финансиска помош.

Џонсон тогаш беше лидер на Конзервативната партија, како и британски премиер.

Обвинувањата се дека Шарп го добил местото во Би-Би-Си која е државна мдиумска корпорација поради услугата што му ја направил на Џонсон. Притоа Шарп оваа епизода не ја кажал кога му било правено интервју за работното место.

Шарп рече дека направил „ненамерно“ прекршување на правилата и дека поднесува оставка за да ги „заштити интересите на Би-Би-Си“.

„Чувствувам дека ова прашање може да го одвлече вниманието од добрата работа на корпорацијата доколку останам на функцијата до крајот на мојот мандат“, рече тој.

Шарп рече дека ќе остане на својата улога во Би-Би-Си до крајот на јуни додека трае потрагата по наследник.

извор: Асошиетед прес

Зачлени се на нашиот е-билтен