Лери Финк, извршен директор на инвестициската компанија БлекРок, предупреди дека Соединетите Американски Држави се „многу блиску до рецесија и можеби веќе се во рецесија“.
Финк, чие лично богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, изјави за американската мрежа CNBC дека верува дека „многу луѓе купуваат однапред поради очекуваните повисоки поскапувања, а има редици пред продавниците на Apple, бидејќи луѓето купуваат iPhone-и“.
Критикувајќи ги царините на Трамп, Финк изјави: „САД беа глобален стабилизатор по Втората светска војна. Сега ние сме глобален дестабилизатор. Ова не е пандемија, ова не е финансиска криза, ние самите го создадовме ова“.
Да потсетиме, американските берзи континуирано паѓаат по најавите на Трамп за воведување царини. Трамп најпрво планираше да воведе остри царини за целиот свет, но по драматичен пресврт се сврте кон Кина, каде воведе царини од 145 отсто, на што Пекинг возврати со стапка од 125 отсто.