„Discombobulator“ и апсењето на Мадуро: Реалност, политичка реторика или научна фантастика?

„Discombobulator“

Тврдењето дека американската војска употребила таен уред наречен „Discombobulator“ при акцијата во Венецуела во која беше „уапсен“ претседателот Николас Мадуро, предизвика лавина реакции и сомнежи во светската јавност.

Изјавата дојде од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој во интервју за американски таблоид тврди дека специјалните сили користеле „револуционерна технологија“ за да ги неутрализираат венецуелските одбранбени системи без директна воена конфронтација.

„Имаме нешто што целосно ги збунува и исклучува нивните системи. Го нарекуваме Discombobulator. Не можам да кажам повеќе“, изјави Трамп, без да понуди технички детали или докази.

Што (не) е познато за „Discombobulator“

Терминот „discombobulator“ не постои во официјалната воена или научна терминологија. Во англискиот јазик тој значи „нешто што збунува или дезориентира“, а популарноста ја стекна преку филмови, интернет-меми и сатирични описи на фиктивни оружја.

Ниту Пентагон, ниту американското Министерство за одбрана досега немаат излезено со официјална потврда дека постои таков уред или дека била користена нова технологија од тој тип во Венецуела.

Контрадикторни извештаи и недостиг на докази

Неколку маргинални медиуми објавија тврдења дека за време на операцијата венецуелските радари привремено престанале да функционираат, комуникациските системи биле нарушени, а дел од припадниците на безбедносните сили почувствувале вртоглавица и дезориентација.

Вакви слилни симптоми, но со многу помал интензитет беа наведени за време на граѓанските протести во Србија, кога во март минатата година одекна „звук“ за време на 15-минутниот молк, кој предизвика замелушеност и паника кај насобраните. Тогаш имаше тврдење дека бил употребено звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија. 

Сепак, освен оваа изјава на Трамп, други наводи за „дискомбобулатор“ не се потврдени од независни извори, меѓународни набљудувачи или официјални институции. Венецуелските власти пак целосно ја негираат приказната за апсење на Мадуро, тврдејќи дека станува збор за „дезинформациска кампања“.

Политички контекст: реторика или психолошка операција?

Аналитичарите предупредуваат дека ваквите изјави може да имаат повеќе цели. Особено кога е во прашање Доналд Трамп и неговата склоност кон сензационализам и мистификации, ова тврдење може да е за потребата за внатрешно-политичка мобилизација на поддржувачите на Трамп во САД. Првото не го исклучуба и второто, а тоа е да изврши одреден психолошки притисок врз противнички режими, и трето, не помалку важно да се гради митологија околу „тајни американски технологии“.

„Ова повеќе личи на политички маркетинг отколку на сериозно воено соопштение. Името само по себе звучи како нешто од Холивуд, не од Пентагон“, изјави еден поранешен американски разузнавач кој побарал анонимност, пренесоа некои од американските медиуми.

Факт-чек: што е сигурно, а што не

Едноставната проверка на факти може да се направи во две категории:

Потврдено:

  • Доналд Трамп јавно изјави дека бил користен уред наречен „Discombobulator“.
  • Не постои официјална техничка документација за таква технологија.
  • Нема независна потврда дека Мадуро бил уапсен од американски сили.

Непотврдено / спорно:

  • Дека е употребено ново тајно оружје.
  • Дека венецуелските одбранбени системи биле „онеспособени“ со енергетски или звучни бранови.
  • Дека акцијата воопшто се случила на начинот што го опишуваат некои американски медиуми.

Ако е потребен некаков заклучок, приказната за „Discombobulator“ засега останува во зоната меѓу политичка реторика, медиумски спектакл и научна фантастика. Без официјални потврди, технички докази или независни извештаи, тврдењата за тајно оружје во Венецуела не можат да се третираат како проверен факт.

За јавноста и медиумите, ова е уште еден потсетник дека во ерата на геополитички тензии и информациски војни, сензационалните изјави бараат двојно повеќе скепса и проверка.

Зачлени се на нашиот е-билтен