Во раните часови на петок, на валутните пазари американскиот долар ја зголеми својата вредност во однос на кошницата од главните валути, поставувајќи се на пат кон шеста недела последователен раст.
Индексот на доларот, кој ја мери неговата сила во однос на шест водечки светски валути, утрово достигна 109,14 поени, надминувајќи ја вчерашната вредност од 109,05 поени.
Курсот на доларот во однос на јенот се зголеми на 158,35, во споредба со вчерашните 158,30 јени. Во однос на еврото, доларот исто така доби на вредност, спуштајќи ја цената на еврото на 1,0295 долари, од вчерашните 1,0310 долари.
Цените на нафтата продолжуваат да растат втор ден по ред. Утринава, цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,38 отсто, достигнувајќи 77,20 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,37 отсто, на 74,20 долари.