Драма во Охрид – Киднапирал баба, сопруга и внупа па барал откуп

Во Охрид е уапсен 33-годишен маж осомничен за киднапирање на три члена од едно семејство и барање пари за нивно ослободување, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) – Охрид.

Инцидентот се случил на булеварот „Туристичка“, каде што по полноќ, на 18 мај околу 00:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.Д. од Охрид.

Според информациите од полицијата, осомничениот телефонски контактирал со 36-годишниот Џ.Х.Д., исто така од Охрид, и побарал пари во замена за ослободување на неговата сопруга, малолетната ќерка и баба. По приемот на откупот, осомничениот бил лоциран и уапсен.

Случајот е квалификуван како кривично дело „грабнување“ согласно член 141 од Кривичниот законик. Од СВР-Охрид информираат дека постапуваат по насоки од Јавното обвинителство и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен извештај против уапсениот.

Зачлени се на нашиот е-билтен