Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дуда: Она што западните сојузници и го понудија на Украина е апсолутно недоволно

Полскиот претседател Анджеј Дуда на самитот на НАТО во Вилнус изјави дека она што западните сојузници и го понудиле на Украина „апсолутно не е доволно“, иако е јасно дека таа не може да влезе во НАТО додека трае војната со Русија, бидејќи членството на Украина автоматски ќе го вовлече и Западот во војната.

„Досегашните предлози апсолутно не се доволни. Се надевам дека за неколку години Украина ќе биде полноправна членка на НАТО. Треба да бидеме едногласни за да можеме да зборуваме за полноправно членство на Украина во моментов, веќе денеска да одлучиме Украина да биде членка, макар и утре“, изјави претседателот Дуда.

Тој нагласи дека е јасно оти Украина не може да стане членка на НАТО додека трае војната.

„Поради тековната војна и земајќи го предвид членот 5 од Пактот и колективната одбрана, сега не е возможно да се приклучи кон НАТО“, рече Дуда, кој исто така предупреди дека не е ниту можно да се каже кога Украина би можела да добие полноправно членство. 

Според полскиот претседател, влезот на толку голема земја како Украина со толку големи природни ресурси, голема армија со огромно борбено искуство ќе биде големо засилување за НАТО.

„Полска ќе продолжи да работи за Украина да се приклучи на НАТО што е можно побрзо“, рече Дуда.

Членките на НАТО вчера успеаја да се договорат за текстот на декларацијата за идниот прием на Украина, кој содржеше формулација дека „ќе ја поканат Украина кога ќе дозволат условите“. Но, и покрај надежите на официјален Киев, декларацијата не содржи никакви временски рокови, јави државното Полско радио. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново