Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дуда: Посетата на Бајден на Полска е важен знак за посветеност на безбедноста во Европа

 Посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Полска е важен знак на посветеноста за зачувување на безбедноста во Европа, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда.

– Вашата посета е важен знак за безбедноста, сигнал за одговорноста на САД за безбедноста на светот и Европа. Америка може да го зачува светскиот поредок, рече Дуда за време на состанокот со Бајден во Варшава.

Бајден денеска ја започна дводневната посета на Полска, а вчера беше во ненајавена посета на Украина во пресрет на годишнината од почетокот на рускиот напад врз земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен