Египет ќе санкционира лажни и злонамерни пријави против здравствени работници

Египетскиот парламент одобри предлог на пратеникот Аља Абед за измена на нацрт-законот „За медицинската одговорност и безбедноста на пациентите“, со кој ќе се санкционираат лажните и злонамерни пријави против здравствените работници.

Новата одредба предвидува затворска казна до три месеци и/или парична глоба до 30.000 египетски фунти за поднесување невистинити обвиненија против медицински персонал.

Според Абед, оваа мерка има за цел да ги заштити лекарите и медицинските лица од неосновани обвинувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен