Експерти го тужат Трамп: Проектот за балска сала во Белата куќа под сомнеж и без одобрение од Конгресот

Доналд Трамп за време на молитва пред оброк во Белата куќа, 14 јули, 2025 г. | Фото: Белата куќа (The White House), јавен домејн, Викимедија комонс
Доналд Трамп за време на молитва пред оброк во Белата куќа, 14 јули, 2025 г. | Фото: Белата куќа (The White House), јавен домејн, Викимедија комонс

Американскиот Национален фонд за зачувување на историски споменици поднесе тужба против претседателот на САД, Доналд Трамп, обвинувајќи го дека го забрзал проектот за изградба на нова балска сала во Белата куќа без неопходни проверки, законски процедури и одобрение од Конгресот.

Во поднесокот до федералниот суд, организацијата бара стопирање на проектот сè додека не се изврши целосна ревизија на архитектонскиот дизајн и не се добие официјална согласност од законодавната власт.

Фондот тврди дека Трамп прекршил повеќе федерални закони меѓу нив Законот за административни постапки и Законот за национална политика за заштита на животната средина со тоа што ја забрзал реализацијата без јавна процедура и без потребните еколошки оценки.

Покрај тоа, согласно тужбата, Трамп ги надминал своите уставни овластувања бидејќи проектот не бил поднесен за разгледување и одобрување во Конгресот, иако станува збор за значајна интервенција врз објект од национално значење.

Контроверзиите околу градежните зафати во Белата куќа се продлабочија откако Трамп без стандардни постапки го урна источниот дел од објектот и ги отпушти првичните архитекти задолжени за новата сала.

Планираната балска сала, според извештаите, би била речиси двојно поголема од оригиналната Белата куќа пред рушењето на источниот анекс.

Трамп пак изјави дека Белата куќа „предолго чека“ на балска сала и дека проектот е неопходен.

Зачлени се на нашиот е-билтен