Иако потопло море можеби звучи привлечно за летно капење, најновиот екстремен морски топлотен бран во Средоземното море ги загрижи научниците поради можните разорни последици врз морскиот екосистем. Температурите на површината на морето кон крајот на јуни и почетокот на јули редовно ги надминуваа 30 степени Целзиусови крај брегот на Мајорка и други региони – дури 6 до 7 степени над просекот.
Најекстремен досега за ова време од годината
Според достапните податоци, ова е најекстремниот топлотен бран во западниот дел на Средоземното море забележан за оваа сезона. Иако температурите сега благо опаѓаат, многу морски видови тешко се справуваат со долготрајната и интензивна жештина, што може да доведе до драстични последици по рибниот фонд.
Опасни организми и бактерии
Потоплата морска вода, за разлика од базените што се третираат со хемикалии, е погодна за ширење на штетни бактерии и алги.
Морето како „када“ – подложно на забрзано загревање
„Средоземното е особено ранливо бидејќи е како када – затворено со копно, што го отежнува ладењето“, објаснува Карина фон Шукман од Mercator Ocean International. Кога воздухот е жежок, небото ведро, а ветерот слаб, морето брзо се загрева – токму тоа се случи ова лето.
Морските организми под ризик
Температурната граница за опстанок е различна кај секоја морска врста, но продолжената жештина ги исцрпува енергетските резерви, што може да доведе до масовна смрт. Алгите и подводните треви, како посидонијата, се критични за биодиверзитетот и складирање на јаглерод, но веќе страдаат.
Топлотни бранови тројно почести за 80 години
Бројот на денови со екстремно топло море се има утројно во последните 80 години. Главна причина: глобалното затоплување предизвикано од емисии на стакленички гасови. „Ова е пренос на топлина од атмосферата во океанот – едноставно речено“, вели професорката Марта Маркос од Универзитетот на Балеарските Острови.
Потенцијални катастрофи и за луѓето
Зголемените температури не само што влијаат врз морскиот свет, туку можат да го нарушат и рибарството и да поттикнат екстремни временски настани како поплави. Потоплата вода го зголемува испарувањето, што води до повеќе врнежи и поплави, како во Либија (2023) и Валенсија (2024).
„Ако дојде уште еден бран, ќе биде ужасно“
„Ова е навистина алармантно“, вели Др. Дан Смејл од Marine Biological Association. „Брзото загревање на Средоземното е како канаринец во рудник за климатските промени.“
Професорката Маркос предупредува: „Ако дојде уште еден топлотен бран подоцна во летото, сигурна сум дека ќе биде ужасно.“