Членовите на Европскиот парламент денес го одобрија планот за покачување на тарифите за ѓубрива и одредени земјоделски производи со потекло од Русија и Белорусија, со цел да се редуцира зависноста на ЕУ од овие увозни артикли.
Иницијативата за подигнување на давачките за 50 проценти за земјоделските продукти од Русија и Белорусија е поднесена од Европската комисија.
Парламентот соопшти дека новите давачки ќе имаат импакт и врз шеќерот, оцетот, брашното и добиточната храна.
Предвидени се давачки од 6,5 проценти за ѓубрива увезени од Русија и Белорусија, заедно со царински такси помеѓу 40 и 45 евра по тон во 2025 и 2026 година, за да достигнат 430 евра по тон до 2028 година.
Регулативата сега формално треба да биде ратификувана од Советот и потоа објавена во службен весник пред да биде ставена во примена.