Епидемија на птичји грип во Бразил

Министерството за земјоделство и сточарство на Бразил денеска ја потврди првата епидемија на птичји грип во земјата, која особено ја погоди живината.

Вирусот е пронајден во објект во јужната држава Рио Гранде до Сул. Министерството соопшти дека започнало спроведување на план за непредвидени ситуации не само за елиминирање на болеста, туку и за обезбедување на снабдувањето на населението и безбедноста на храната.

Министерот за земјоделство и сточарство, Карлос Фаваро, изјави дека Кина го суспендира увозот на живина од Бразил во наредните 60 дена.

Министерството, исто така, соопшти дека болеста не се пренесува преку консумирање на живинско месо или јајца.

-Ризикот од инфекција кај луѓето со вирусот на птичји грип е низок и се јавува главно кај оние кои ракуваат со птици или професионалци кои имаат близок контакт со заразени птици, живи или мртви, соопшти Министерството.

Министерството додаде дека ги известило Светската организација за здравје на животните и трговските партнери на Бразил.

Зачлени се на нашиот е-билтен