Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Епл нуди компензација за „ненамерно“ шпионирање на корисниците – 20 долари по човек

Епл се согласи да плати отштета од 95 милиони долари за да ја реши тужбата во која се обвинува нејзиниот паметен асистент Siri дека ги снима приватните и доверливи разговори на корисниците.

Во тужбата, поднесена во 2019 година, се тврди дека подизведувачите на Епл „редовно слушаат доверливи медицински информации, разговори поврзани со лекови или звуци на некои парови кои имаат секс“ додека работат на контролата на квалитетот на Siri.

Иако паметниот виртуелен асистент треба да се активира со специфичната фраза „Hey Siri“ и потоа да почне да работи, постојат и други „активатори“ кои можат да го активираат, како гром или други гласни звуци. Сопствениците на мобилни уреди се пожалија дека Apple рутински ги снимал нивните приватни разговори откако Siri ненамерно бил активиран, откривајќи им ги податоците на трети страни, како што се огласувачите.

Во коментар за британскиот весник Гардијан за време на поднесувањето на тужбата, Епл призна дека прислушувањето постоело, наведувајќи дека модераторите имале пристап до „само мал дел од снимките“, но подоцна се извини и објави дека повеќе нема да ги складира аудио снимки.

Доколку судот ја одобри предложената спогодба, може да им се плати компензација на оние Американци кои поседувале или купиле iPhone, iPad, Apple Watch, MacBook, iMac, HomePod, iPod touch или Apple TV со поддршка за Siri во периодот од 17 септември 2014 до 31 декември 2024 година.

Корисникот кој бара исплата ќе мора да се заколне дека Siri случајно бил активиран за време на разговор кој требало да биде доверлив. Индивидуалната исплата на компензација ќе зависи од тоа колку луѓе ги бараат парите, но се претпоставува дека веројатно нема да ја надмине вредноста од 20 долари по лице!

Епл не е сам на листата на големи технолошки компании кои се обвинети дека снимаат доверливи разговори на нивните корисници. Слична тужба беше поднесена и против Гугл, а моментално е во тек.

Исходот од овој случај може да влијае на сите оние кои ги купиле паметните домашни звучници на Google Google Home, Home Mini и Home Max; потоа паметните дисплеи Google Nest Hub и Nest Hub Max; како и паметните телефони Pixel во периодот од 18 мај до крајот на декември 2016 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен